Барди поразен и од Севилја

Леванте влезе во серија слаби резултати во Ла Лига откако по поразот од Вилјареал, Енис Барди и соиграчите загубија уште еден меч на домашен терен, овојпат од Севилја со 0-1.

Леванте беше подобар ривал на почетокот, а Барди се најде во добра ситуација во 15. минута, но шутираше непрецизно. Севилја на крајот стигна до три бода благодарение на еден постигнат гол, оној на Ен Несири во 52. минута.

Осасуна се искачи на осмото место на табелата по победата од 3-1 над Валенсија.

Се вчитува...