„Барди се чувствува одлично, со нетрпение го очекуваме негативниот тест“

Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди се чувствува одлично во карантин во хотелот „Хилтон“ по позитивниот тест на Ковид-19.

Барди, по пет дена од позитивниот тест, нема никакви симптоми и сите во националниот тим со нетрпение го очекуваат негативниот тест, кој треба да биде направен по десет дена од тестот.

„Барди се чувствува добро и тоа ме радува. Нема симптоми и со нетрпение го очекуваме негативниот тест. Искрено се надевам дека тоа ќе биде веќе во следните денови и ќе го имаме на располагање за Букурешт“ – истакнува македонскиот селектор Игор Ангеловски.

Се вчитува...