Леванте и Валјадолид одиграа без победник 2-2 во првиот натпревар од 20. коло во шпанската Ла лига. Домаќините поведоа со голот на Гомез во 62. минута. Гостите со головите на Алкараз во 73. и Плано во 78. минута успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до водство од 1-2. Сепак, до крајот играчите на Леванте се стабилизираа и преку Роџер успеаја да стигнат до 2-2.
Македонскиот интернационалец Енис Барди по долгата пауза поради повредата која ја здоби пред бараж мечот со Грузија за пласман на Европското првенство се врати на терените и доби шанса на мечот во 86. минута. Леванте останува на 10. позиција на табелата со 23 бода, додека Валјадолид е 16. со 19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА