Барди со два гола во ТОП 10 погодоци во Ла Лига: Со Меси ги имаат најубавите два гола на сезоната (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди за одличната сезона во дресот на шпанскиот Леванте добива потврда и официјално од Ла Лига, ако се суди според изборот на најубавите погодоци од слободен удар во сезоната 2017/2018.

Барди со два свои погодоци од слободен удар е сместен во ТОП 10 погодоци на сезоната, со тоа што го има и вториот најубав, оној од пресметката против Ла Коруња, веднаш зад Лионел Меси кој со својот гол против Лас Палмас е на врвот на листата. Вториот гол на Барди е на 7. место од дуелот против Реал Сосиедад.

Интересно, Енис Барди и Лионел Меси имаат заедно 5 гола на листата на ЛА Лига, останатите се на Гризман, Вас, Гуардадо, Ел Хадади и Тимор…

Се вчитува...