Барди со победа се збогуваше од Леванте, Димитриевски гледаше од клупата за резерви

Енис Барди се радуваше на победа на својот последен меч за Леванте, откако клубот од Валенсија славеше со 2-4 на гостувањето против Рајо Валјекано. Леванте веќе е испаднат од првата лига, а според шпанските медиуми еден од првите потези летово ќе биде продажбата на Барди, за покривање на финансиската дупка во работењето на овој клуб.

Македонскиот ас беше стартер на денешниот дуел и учествуваше во акцијата при третиот гол за Леванте, откако умешно ја украде топката на дваесетина метри од противничкиот гол, по што Мелеро биеше прецизно во мрежата на Рајо. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски овој дуел го следеше од клупата за резерви откако домашниот тренер реши да му даде предност на Зидан.

Во вториот меч на вечерашната програма во Ла Лига, шампионот Реал Мадрид ремизираше 0-0 на домашен терен против Бетис. Карим Бензема имаше неколку убави шанси да донесе триумф на „кралевите“, но најдобриот фудбалер на Реал немаше свој голгетерски ден, па дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без победник.

Се вчитува...