Барди со подарок од клубот за „стотката“: „Пресреќен сум што сум дел од Леванте…“

Македонскиот репрезентативец Енис Барди на вчерашниот натпревар против Алавес во Ла Лига го запиша својот 100. натпревар во дресот на Леванте.

Јубилејниот натпревар не го заборавија ниту од раководството на клубот кои пред мечот издвоија момент за подарок за Енис Барди, кој израсна во еден од најдобрите фудбалери на Леванте веднаш по неговото пристигнување во Шпанија пред три години.

„Пресреќен сум што сум дел од Леванте, клубот кој ми ги отвори портите на врвниот европски фудбал. Токму затоа, како и досега, и во иднина подготвен сум секогаш да го дадам максимумот за овој клуб“ – истакна Барди.

Веќе денеска Енис Барди треба да се приклучи на собирот на македонската репрезентација пред историскиот натпревар со Грузија за пласман на ЕП.

Се вчитува...