Барди стрела, Трабзон само до бод против Анкарагучу (ВИДЕО)

Енис Барди и неговиот Трабзонспор одиграа само реми 1-1 на гостувањето кај Анкарагучу во натпревар од последното 14. коло пред паузата поради Светското првенство во турскиот фудбалски шампионат.

Македонскиот репрезентативец беше најдобриот поединец на својот клуб на теренот, а одличната партија ја „круниса“ со погодок во 70. минута со кој донесе водство за гостите од 0-1. Сепак, само четири минути подоцна домаќините преку Цигерчи од пенал израмнија и го поставија конечниот резултат 1-1.

И покрај ремито, Трабзон е само на бод негатива од второто место на табелата во турскиот шампионат.

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...