Барди трагичар, промаши пенал во куп-финалето (видео)

Сонот на Енис Барди да го крене трофејот во Купот на Турција со тимот на Коњаспор се претвори во кошмар откако неговиот тим загуби во финалето со Трабзонспор со 1-2, во дуел во кој трагичар беше токму македонскиот капитен.

Трабзон имаше предност од 0-1 по првиот дел, но Коњаспор израмни на 1-1 преку Мулека по акција што почна од Барди и негов одличен центаршут, првиот обид на Мулека заврши во дирекот, по што истиот фудбалер одбиената топка ја смести во мрежата.

Само осум минути по израмнувањето Коња доби идеална шанса за целосен пресврт, Барди презеде одговорност, но неговиот удар од белата точка го затресе дирекот и се врати во поле.

Трабзон го казни ова со пеналот што го реализираше Онуачу во 79. минута, а една минута подоцна Барди беше повлечен од игра.

Се вчитува...