Барди: Ви благодарам на сите за поддршката, се гледаме на Европско првенство!

Енис Барди се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација откако денеска доби негативен тест на Ковид-19.

Беше под знак прашалник неговиот настап на првио меч на ЕВРО 2020 против Австрија, но по денешниот негативен тест, на задоволство на цела Македонија ќе биде на располагање на стручниот штаб.

„Ви благодарам на сите за пораките за побрзо оздравување како и за поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на Европско првенство. Ви благодарам уште еднаш“ – испрати Барди порака преку социјалните мрежи до сите свои фанови, и македонската јавност која очекуваше и се молеше за негово опоравување.

Се вчитува...