Барди знае како да ги „реши“ Португалците: Потсетување на голот од Гдиња 2017 (ВИДЕО)

Осум фудбалери од актуелниот македонски сениорски состав веќе имаат мегдан со оваа генерација португалски фудбалери. На Европското младинско првенство 2017 во Гдиња македонската селекција загуби со 2-4 од Португалија.

На натпреварот во Гдиња тогаш предводени исто така од Милевски против Португалците настапија Енис Барди, Давид Бабунски, Бобан Николов, Елиф Елмас, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу а на клупата за резервни фудбалери останаа Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.

Натпреварот заврши со триумф на Португалците од 4-2, но ќе остане запаметен убавиот погодок на Енис Барди… Вториот беше дело на Кире Маркоски, на асистенција на Елиф Елмас.

Од тој дуел во Гдиња во 2017 година, во португалската репрезентација се четворица фудбалери, Кансело, Жота, Гуедеш и Ренато Санчез кој, сепак, поради жолти картони нема да биде во составот за дуелот во вторник на „Драгао“.

Се вчитува...