Баркли без влакна на јазикот: Луд си ако гласаш за Леброн, место за Јанис

Легендарниот кошаркар, Чарлс Баркли смета дека асот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо ја заслужува наградата за најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Сигурно е дека Јанис заедно со Леброн Џејмс се најголеми кандидати за освојувањето на МВП наградата во регуларниот дел од сезоната.

„Идиот е тој кој ќе гласа за Леброн пред Јанис. Замислете Леброн да има скор 53-9 со Крис Мидлтон како втор најдобар кошаркар во тимот“, изјави Баркли. 

Јанис сезонава игра навистина одлично, просечно бележејќи по 29,6 поени, 13,8 скока и 5,8 асистенции, додека Џејмс ги предводи Лејкерс до најдобар скор на Западот со 25,6 поени, 10,7 асистенции и 7,8 скока просечно по натпревар.

Се вчитува...