Баркли: Не удирам жени, но да го правам тоа би те удрил тебе прва

Славниот НБА кошаркар Чарлс Баркли упати жесток коментар кон новинарката Алекси МекКемонд. Легендарниот Баркли и порача на новинарката дека доколку тепа жени, неа би ја удрил прва.

„Само да знаете, Баркли вечерва ми кажа дека нема да ме удри бидејќи не тепа жени, инаку не би размислувал двапати да го направи тоа. Му приговорив, а тој ми возврати дека не знам да прифатам шега“, изјави МекКемонд. 

Во текот на кариерата Баркли често беше на удар на јавноста поради своето однесување, а во 1997 година изјави дека никогаш нема да прифати жена да биде судија на еден НБА меч.

Се вчитува...