Барнли без шанси на „Гудисон парк“, Лукаку не запира со головите

Евертон стига до нова победа во Премиер-лигата, овојпат на домашен терен против Барнли со 3-1. Капитенот Фил Јагиелка го отвори резултатот на „Гудисон парк“, а интересно е што ова беше трети гол на искусниот дефанзивец во последните три премиерлигашки средби, откако претходно тој повеќе од две години ја немаше затресено противничката мрежа. Вториот гол за „карамелите“ беше дело на Баркли, а третиот го постигна Ромелу Лукаку, кој со 23 погодоци е најдобар стрелец во Премиер-лигата, воедно продолжувајќи ја серијата од осум домашни средби на кои Белгиецот се запиша меѓу стрелците.

Интересно беше во Лондон на дуелот меѓу Кристал палас и Лестер, на кој актуелниот шампион водеше со 0-2, но домаќините со одлична игра во последните триесетина минути стигнаа до израмнување (конечни 2-2) со погодоците на Кабај и Бентеке. Со идентични 2-2 заврши и дуелот меѓу Сандерленд и Вест хем, додека Ватфорд и дефинитивно побегна од опасната зона на табелата совладувајќи го Свонси со 1-0, со голот на Капуе во финишот од првото полувреме.

Резултати Англија: 

Тотенхем – Бурнемаут 4-0, Кристал палас – Лестер 2-2, Евертон – Барнли 3-1, Стоук – Хал 3-1, Сандерленд – Вест хем 2-2, Ватфорд – Свонси 1-0.

Се вчитува...