Барнли го пријави Алиоски, ќе следи ли суспензија?

Фудбалерот на Барнли, Двајт Мекнил потпишал пријава против Езгијан Алиоски обвинувајќи го македонскиот репрезентативец за недолично однесување за време на денешниот дуел меѓу Барнли и Лидс.

Инцидентот се случи во второто полувреме кога Алиоски лежеше на теренот, Мекнил се обиде да го испровоцира, по што Македонецот кога стана почна да го исмева противничкиот играч.

Менаџерот на Барнли, Шон Дајш, по мечот обелодени дека клубот ќе поднесе пријава против Алиоски во официјалниот извештај з натпреварот.

„Поднесовме пријава што влезе во судискиот записник и ќе биде разгледувана од страна на ФА“, изјави Дајш.

Доколку Алиоски биде прогласен за виновен, би можел да добие суспензија, што би значело неславен крај на неговата премиерлигашка авантура во Лидс.

Се вчитува...