Барса даде за него 135 милиони, сега најде купувач за 15 милиони евра

Барселона летото 2018 година даде понуда на Ливерпул во износ од 135 милиони евра, и го донесе Филипе Кутињо. Играчите кои направија поголеми трансфери до него денеска се само Нејмар и Килијан Мбапе, но бразилскиот фудбалер никогаш не ги оправда парите кои беа вложени во него. Сега ќе потпише за Астон Вила, и тоа за 10 пати помалку од тоа што го плати на Ливерпул.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Кутињо кој сега игра како позајмен во Астон Вила, следната година ќе остане во овој тим, но со целосен откуп. Астон Вила за него сега ќе плати од 15 до 20 милиони евра.

Кутињо после одличните настапи за Ливерпул, стигна во Барселона, но таму не ги оправда парите кои беа дадени за него. Беше на позајмица во Баерн, па во Астон Вила, која ја презеде и целата плата. Сега менаџерот Џерард инсистира тој да остане во тимот.

Се вчитува...