Барса гази како во старите добри времиња

Доаѓањето на Жоан Лапорта на претседателската функција како да го разбуди победничкиот дух во Барселона, па каталонскиот гигант со денешниот убедлив триумф од 1-6 над Реал Сосиедад потсети на своите најдобри денови.

Ривалот не е нималку наивен, но Барса одигра импресивно, максимално ги користеше своите шанси и на крајот стигна до најубедливата овосезонска победа на гостински терен. Ситуацијата можеше да биде и многу поинаква доколку Тер Штеген не го запреше зицерот на Исак при 0-0.

Првиот гол беше дело на Гризман, кој со погодок го прослави својот 30. роденден, а потоа на дело стапи десниот бек Дест, кој постигна два погодоци. Лео Меси зголеми на 0-4, Дембеле беше стрелец на голот за 0-5, пред Баренечеа да го постигне почесниот гол за Реал Сосиедад. Точка на овој натпревар стави Меси со својот втор погодок.

Барселона со овој триумф остана на второто место со 62 бода, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид и два бода предност во однос на Реал Мадрид на третата позиција.

Се вчитува...