Барса го „блиндираше“ Роберто со клаузула од 500 милиони евра

Серхио Роберто уште долго ќе продолжи да го носи дресот на Барселона откако младиот шпански фудбалер денеска потпиша нов долгогодишен договор со каталонскиот гигант.

Актуелниот договор на Роберто истекуваше на крајот од сезонава, интерес за него покажуваа бројни клубови ширум Европа, но десниот бек секогаш ставаше до знаење дека приоритет му е останување на „Камп ноу“. На крајот, двете страни се договорија за соработка до 2022 година, но и клаузула од неверојатни 500 милиони евра што клуовите ќе треба да ги платат доколку сакаат да го доведат Серхио Роберто во своите редови.

Иако е одличен и во средината на теренот, Роберто најчесто настапува како десен бек во Барселона, позиција што му ја додели екс-тренерот Луис Енрике, а на која продолжи да го користи и новиот стратег на Барса, Ернесто Валверде.

Се вчитува...