Барса го брка Ракитиќ зошто скокаше во базен по триумфот на Севилја

Иван Ракитиќ го навлече бесот на раководството и на навивачите на Барселона откако за време на една ТВ-емисија скокна во базен во знак на прослава на освоениот трофеј на Севилја во Лигата на Европа. Хрватот отсекогаш ги истакнувал симпатиите кон својот поранешен клуб, но во Барселона се бесни што во период на огромни потреси на „Камп Ноу“, фудбалерот што зема плата од над осум милиони евра годишно бурно прославува успеси на други екипи.

„Ракитиќ самиот си пресуди кога станува збор за неговата иднина во Барселона. По прославата во базен за успесите на Севилја, тој летово сигурно ќе си замине“, пишува каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на извори од раководството на Барселона.

Хрватот не крие дека сака да се врати назад во Севилја, но проблем претставува што клубот од Андалузија не може да ја покрие огромната плата што тој ја заработува во Барселона.

Се вчитува...