Барса го „поздрави“ Партизан: Шенгелија чини 900.000 евра

Партизан се соочува со огромни проблеми во формирањето на ростерот за наредната сезона, огромен дел од првотимците си заминаа, а белградските „црно-бели“ се уште се немаат пофалено со ниту едден нов кошаркар.

Навивачите со право се нервозни, денеска се појави името на Торнике Шенгелија како потенцијално засилување, но набрзо стигна и „ладен туш“ од Барселона – грузискиот ас не може да си замине доколку не биде платена отштета, и тоа „солени“ 900.000 евра за Грузиецот.

Барса како и Партизан прави ремонт во играчкиот кадар, но Шенгелија заедно со Пантер е еден од ретките кои се уште се под договор со каталонскиот гигант. Новиот тренер Секулиќ веќе ставил до знаење дека ќе смета сериозно на грузискиот крилен центар, па управата испратила порака до српскиот тим – Шенгелија може да си замине само ако биде активирана клаузулата со отштета, во висина од 900.000 евра.

Со оглед на проблемите со кои Партизан се соочува цело лето, тешко е да се поверува дека белградскиот тим ќе плати за играч што има 34 години и чија вредност на пазарот се движи во надолна линија.

Се вчитува...