Барса го преслуша Монпелје на Супер-глоуб

Барселона се пласираше во големото финале од Супер-глоуб откако денеска во полуфиналната пресметка каталонскиот гигант го совлада европскиот првак Монпелје со 37-30.

Првото полувреме донесе израмнета игра во која Монпелје на одмор замина со минимална предност од 19-18. Извонреден во овој дел од натпреварот беше Ричардсон, кој постигна осум гола од исто толку обиди. Битката беше израмнета се до последните 15 минути, откако Монпелје во периодот од 44. до 54. минута постигна само еден гол, а Барса го искористи тоа за на крајот да слави убедлива победа. Каталонците во финалето ќе се сретнат со победникот од натпреварот Фуксе Берлин – Ал Сад.

Нгесан и Мортенсен со по седум погодоци беа најефикасни во таборот на Барселона, додека кај Монпелје најдобар поединец беше Ричардсон со 10 гола, без ниту едно промашување.

Се вчитува...