Барса го победи Кјелце, на ред е „скопскиот пекол“ со Вардар

Барселона славеше над Кјелце со 31-27 во дерби-дуелот на шестото коло oд групата А во Лигата на шампионите, триумф со кој каталонскиот гигант се израмни со Вардар на делба на првото место на табелата, и тоа во пресрет на гостувањето во „скопскиот пекол“ наредниот викенд.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека домаќините доминираа од самиот почеток, уште во раната фаза од натпреварот поведувајќи со 10-5. Кјелце успеа да се врати и да намали на 11-10, потоа и 12-11, но тоа беше се што полскиот првак успеа да стори. Барселона беше подобар тим и во вторите 30 минути, домашниот состав рутински го контролираше резултатот и на крајот заслужено ја забележа петтата победа сезонава во елитното европско натпреварување.

Гомез со седум погодоци беше прв стрелец на Барселона, шест постигна Мортенсен, а пет Палмарсон, додека кај Кјелце најефикасен беше Алекс Душебајев со шест постигнати гола.

Се вчитува...