Диего Симеоне повторно успеа да ги спушти на колена гигантите Реал Мадрид и Барселона и да стигне до титулата во Ла лига, втор пат во неговата кариера. Во уште еден трилер натпревар „душекчиите“ славеа над Валјадолид со 1-2.
Сепак, не почна се најдобро за Атлетико бидејќи домаќините поведоа со голот на Плано во 18. минута. Анхел Кореа во 57. израмни на 1-1, додека Луис Суарез во 67. ја донесе титулата на „Ванда Метрополитано“.
Ова за тимот од главниот град на Шпанија е 11. титула во Ла лига, а втора откако на кормилото на клубот е Диего Симеоне.
Реал Мадрид на крајот успеа да триумфира над Вилјареал со 2-1, но тоа не беше доволно за нова титула за „кралевите“.
РЕЗУЛТАТИ ЛА ЛИГА (38. КОЛО)
Селта Виго – Бетис 2-3
Еибар – Барселона 0-1
Елче – Атлетик Билбао 2-0
Хуеска – Валенсија 0-0
Осасуна – Р. Сосиедад 0-1
Реал Мадрид – Вилјареал 2-1
Валјадолид – Атлетико М. 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА