Барса ја растури Селта, нека му ја мисли ПСЖ

Барселона е повторно моќна, Лионел Меси влезе во топ форма и тоа на своја кожа го почувствува Селта, која од „Камп Ноу“ си замина со пет голови (5-0) во мрежата. Каталонскиот тим испрати порака и до ПСЖ, кој има предност од 4-0 по првиот осминафинален меч во ЛШ, но допрва треба да дојде на реваншот на стадионот на Барса.

Лионел Меси го отвори резултатот во 24.минута, а до крајот на првиот дел Нејмар изведе вистинска фудбалска магија за 2-0.

Ракитиќ во вториот дел се запиша меѓу стрелците, исто како и Умтити, а серијата голови повторно ја затвори Лео Меси за „петарда“ за Селта. Барселона повторно се искачи на првото место на табелата со еден бод предност пред Реал Мадрид, кој има еден меч помалку.

All Goals & highlights HD – Barcelona 5-0 Celta… by footballderby

Се вчитува...