Барса како брз воз го прегази Бетис

Барселона ја оствари 20.победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го Бетис на гости со 1-4. Лионел Меси беше фантастичен и постигна хет – трик, а во листата на стрелците за каталонскиот тим се запиша и Луис Суарез.

Почесниот погодок за Бетис беше дело на Лорен во финишот на средбата./

Барселона има десет бода предност на врвот на табелата во однос на Атлетико Мадрид и 12 бода позитива пред третопласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...