Барселона е подготвена да му укаже максимална чест на Лионел Меси – со статута на најдобриот фудбалер во историјата пред новоизградениот стадион „Камп Ноу“.
Изградбата е завршена и сега се финишираат финесите внатре во стадионот и се очекува пред крајот на годинава каталонскиот фудбалски храм да може да прими околу 100.000 фанови, а во меѓувреме претседателот Лапорта говореше за планот Меси да добие своја статуа пред самиот стадион.
„Меси секогаш ќе биде поврзуван со Барса, тој знае дека нашите врати секогаш се отворени за него. Тој заслужува максимална почит од Барселона и треба да добие статуа пред стадионот, како Кројф и Кубала. Тој е една од иконите на Барса кои оставија вечна трага врз клубот. Веќе разговаравме на таа тема и работиме на случајот. Секако, мораме да добиеме и согласност од Меси и семејството, но јасо е дека сите навивачи на Барса сакаат ова да се случи што поскоро“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

