„Барса ќе се бори, нема да го продаде најдобриот во светот“

Техничкиот секретар на Барселона, Рамон Планеш, на денешната прес-конференција обелодени дека каталонскиот гигант нема намера да преговара за продажба на Лионел Меси. Аргентинецот вчера поднесе официјално барање за трансфер барајќи да се активира клаузулата за предвремено заминување како слободен играч.

Истата е истечена на 10 јуни и Барса не само што нема намера да дозволи Меси да го напушти клубот без никаква отштета, туку според Планеш желба на управата е тој воопшто да не биде продаден.

„Вистината е дека заедно со претседателот Бартомеу и со новиот тренер Куман сакаме да создадеме нов победнички циклус. Низ годините беа донесени квалитетни фудбалери и сега сакаме да изградиме нов моќен тим околу најдобриот играч во светот. Секогаш сме зборувале и ќе зборуваме со најголем почит за Лионел Меси, како најдобар фудбалер во светот, најдобар во историјата на овој спорт. Тој има дадено толку многу за нашиот клуб, има донесено огромни радост на нашите навивачи. Барса нема да се откаже, туку ќе се бори за да го задржи Меси. Ние кои сме дел од клубот знаеме дека мораме да дадеме се од себе за Лео да остане дел од Барселона“, истакна Планеш.

Се вчитува...