Барса му даде „црвен картон“ – Протестираше за малата минутажа, па доби „клоца“ од Куман!

Протестирањето на Пјаниќ наместо поголема минутажа му донесе „црвен картон“ од Барсрлона! Тренерот на „каталонците“, Роналд Куман, го ставил босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ на трансфер-листа, разочаран од неговите јавни поплаки поради малата минутажа во последните месеци.

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека главна причина за ваквата казна е фактот што холандскиот стратег веќе извесно време го смета Босанецот за апсолутно неважен дел од тимот, што најдобро се гледа од последните три средби на кои не доби ниту една минута на теренот, дури и кога имаше простор за такво нешто.

Миралем досега одигра вкупно 28 натпревари, без да постигне ниту еден гол или, пак, да запише асистенција. Пјаниќ во Барселона дојде минатото лето од Јувентус за сума од 60 милиони евра, но во ниту еден момент не успеа да му се наметне на Куман. Неговиот договор со тимот од Каталонија е потпишан за соработка до 2024 година, но како што стојат работите, најверојатно ќе си замине од „Камп Ноу“ на крајот од сезоната.

 

 

Се вчитува...