Барса му дозволи на Кунде да си оди, но изненади со сумата која ја бара

Дефанзивецот на Барселона Жил Кунде, ги изненади челниците на Барселона и тренерот Чави Ернандез откако побарал да си замине од клубот, само една сезона откако дојде од Севиља. Наводно Кунде се решил на ваков чекор откако Чави на него смета како десен бек, а тој сака да игра на стоперската позиција.

Шпанските медиумите пишуваат дека Барса останала изненадена од барањаето на Кунде, па се решиле да му дозволат да го напушти клубот, но само ако некој за него плати 90 милиони евра.

Вчера се појави информација дека Челси е подготвен со 80. милиони да тргне по потписот на Кунде, и покрај тоа што пред една година имаше шанси да го ангажира за нешто помалку од 50 од Севилја. Тогаш Челси беше еден од заинтересираните, меѓутоа на крајот Французинот се одлучи да замине на „Ноу Камп“.

Исто така шпанските медиуми пишуваат дека барањето на трансфер на Кунде е поради тоа што тој и неговиот менаџер сакаат да издејствуваат повисока плата за фудбалерот, нешто што сигурно нема да им се допадне на челниците на Барса. Воедно, Каталонците може да го продадат и за помалку за да отворат можност за носење на нови играчи.

Се вчитува...