Барса не може да претне, Монако води 2-0 по првиот дел

Барселона е немоќна да го пробие бедемот пред голот на Џанлуиџи Буфон и по првото полувреме на „Камп Ноу“ се уште има негатива од три гола од првиот меч во Торино. Меси, Нејмар, Суарез, се одлично чувани од дефанзивците на Јувентус, па каталонскиот тим не создаде ниту една стопроцентна можност пред голот на „старата дама“ во првите 45 минути. Избраниците на Луис Енрике имаат само уште едно полувреме да се обидат да направат чудо.

Монако е речиси во полуфиналето, со оглед дека води со 2-0 по првиот дел на „Луј Втори“. Мбапе уште во третата минута ги доведе „кнезовите“ во водство, а Радамел Фалкао во 17.минута го постигна и вториот гол за Монако. Францускиот тим има и предност од 2-3 од првиот меч одигран во Германија.

Kylian Mbappe Goal HD – Monaco 1-0 Borussia… by FranceCup3Radamel Falcao Goal HD – Monaco 2-0 Borussia… by Live1Goals

Се вчитува...