Барса не се откажува од титулата – триумф над Валенсија, на ред е Атлетико Мадрид

Барселона остана во игра во трката за титулата во Ла Лига откако каталонскиот гигант славеше со 2-3 на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија. Каталонскиот гигант сега има два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид, тимот што Барса во следното коло ќе го пречека на „Камп Ноу“.

Меси и соиграчите се најдоа во незгодна ситуација откако Габриел Паулиста на самиот почеток од второто полувреме ги доведе домаќините во водство. Сепак, Барса предводена од Лео Меси стигна до пресврт, Аргентинецот израмни на 1-1 по одбиената топка по пеналот што му го одбрани Силесен, Гризман ја доведе гостинската екипа во водство, а потоа Меси од слободен удар зголеми на 1-3.

Валенсија не се предаде, со евроголот на Солер од 25 метри го намали резултатот, но „лилјаците“ немаа сили за изненадување на овој натпревар.

Се вчитува...