Барселона и Монако во мајсторка ќе го решат патникот на фајналфор турнирот во Абу Даби откако каталонците славеа и на вториот меч на домашен терен, овојпат со 79-72 за израмнување на 2-2 во оваа четвртфинална серија.
Откако на првите две средби делуваа крајно демотивирано и непрепознатливо, каталонците пред своите гледачи покажаа сосема поинаков карактер. Денешниот дуел беше полн со пресврти, Барса поведе со двоцифрена предност во првата четвртина, Монако успеа да се врати, имаше и водство во голем дел од третата четвртина. Сепак, избраниците на Спанулис промашија бројни чисти шутеви во клучните моменти, што беше искористено од домашниот тим за да се избори за мајсторка.
Џабари Паркер со 22 поени и Бризуела со 17 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека прв стрелец на Монако во вечерашниот пораз беше Мајк Џејмс со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА