Барса не запира – Гордон е завршен трансфер, следи напаѓач од 150 милиони евра

Барселона врза две титули во низа во шпанската Ла Лига, но каталонскиот гигант е решен да состави уште помоќен тим со кој конечно ќе се искачи и на врвот на Лигата на Шампионите.

Веќе е завршен првиот мега-трансфер, Ентони Гордон денеска пристигнува на лекарски прегледи во Барселона, по што ќе следи комплетирање на трансферот вреден 80 милиони евра, но Лапорта и директорот Деко немаат намера да запрат.

Каталонските медиуми најавуваат дека челниците на Барса целото внимание ќе го насочат кон Хулијан Алварез. Аргентинскиот ас веќе стави до знаење дека сака да се пресели во Барселона одбивајќи ја понудата на ПСЖ, по што Лапорта и Деко ги почнаа преговорите со Атлетико.

Мадридскиот тим повеќе сакаше својот најдобар стрелец да го продаде на тим надвор од Шпанија, но во Атлетико не би сакале сапуница што би траела цело лето, па потоа во најлошо сценарио да имаат и незадоволна „ѕввезда“ во текот на сезоната. Сепак, челниците на Атлетико јасно ставиле до знаење дека нема да отстапат од сумата од 150 милиони евра што ја бараат за Аргентинецот.

На потег е Лапорта, кој веќе потрошии богатство на Гордон, а сега ќе мора да плати речиси двојно повисока сума за Алварез…

Се вчитува...