Барса носи двајца екстра Аргентинци со парите од продажбата на Меси?

Барселона сака да го задржи Лео Меси на „Камп Ноу“, но претседателот Бартомеу нема намера да го моли Аргентинецот да остане доколку тој реши да го напушти клубот во текот на овој преоден рок. Бројни шпански медиуми ја пренесоа информацијата дека Меси веќе го информирал новиот тренер Роналд Куман за желбата да си замине, а ниту холандскиот тренер ниту претседателот на клубот не сакаат сосила да го чуваат најдобриот фудбалер на Барса во ситуација кога тој наредното лето би можел да си замине без никаква отштета. Наместо тоа, каталонскиот гигант размислува како би го надополнил заминувањето на клучниот фудбалер, а идејата на раководството е да бидат доведени двајца врвни аргентински офанзивци, Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез.

Актуелната клаузула на Меси изнесува 700 милиони евра, јасно е дека оваа сума никој не може да ја плати, но раководството на Барса се надева на најмалку 150 милиони евра од продажбата на најдобриот фудбалер на денешницата. ПСЖ, Интер и Манчестер Сити се главни во оваа трка, како конкурент се споменува и Јувентус, па во една таква ситуација вредноста на трансферот на Меси може да достигне и до 200 милиони евра.

Каталонците планираат парите веднаш да ги инвестираат во Дибала и во Мартинез, со што Барса повторно би имала моќен голгетерски тандем. Дибала одбива да потпише нов договор со Јувентус, а во случај на понуда на Барселона можно е во трансферот да биде вклучен и Луис Суарез. Што се однесува до Лаутаро Мартинез, каталонскиот гигант веќе подолго време се интересира за асот на Интер, досега проблем беа финансиите, но доколку Барса го продаде Меси ќе има доволно пари за да ги комплетира двата трансфери.

Засега се е во фаза на шпекулации, но преговорите би можеле експресно да се интензивираат бидејќи не останува уште многу време до стартот на новата сезона.

Се вчитува...