Барса пак се жали: Со Јувентус ќе суди истиот судија од „Паркот на принцовите“

Фудбалерите на Барселона се познати по честите критики кон судиите по средбите во Примера, но каталонците сега би можеле трендот да го продолжат и во Лигата на шампионите. Имено, членовите на каталонскиот гигант биле шокирани кога дознале деа за главен судија на дуелот во Торино меѓу Јувентус и Барселона бил именуван Шимон Марсинјак од Полска.

Имено можеби не е премногу познато, но каталонците многу добро го паметат бидејќи токму тој ја делеше правдата на пресметката меѓу ПСЖ и Барселона на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде избраниците на Луис Енрике загубија со убедливи 4-0. По тој меч и Енрике и неколку фудбалери на Барса го критикуваа Марсинјак поради нееднаков критериум.

Челниците на Судиската организација при УЕФА сепак не го зедоа тоа во предвид, па го избраа токму Полјакот и за следниот гостински нокаут-натпревар на Барселона во ЛШ.

Треба да се истакне и дека Марсинјак сезонава водеше и еден натпревар на Јувентус, на гостувањето против Лион, каде го исклучи Лемина, но „старата дама“ и со играч помалку успеа да стигне до победата.

Се вчитува...