Барса планира да ја освои ЛШ: Удар за „кралот“ и германска машина на „Камп Ноу“

Германскиот интернационалец Месут Озил ќе биде првото засилување за Барселона во зимскиот преоден рок, тврди „Мундо Депортиво“. Тој за сума од 20 милиони евра треба да се врати во Шпанија, каде претходно го носеше дресот на Реал Мадрид. Токму затоа се очекува овој трансфер од Арсенал во Барселона да предизвика огромно внимание.

ozil i ronaldo 55

Озил има уште шест месеци од актуелниот договор со Арсенал, и откако веќе стана јасно дека не сака да го продолжи, „топчиите“ инсистираат да го продадат во јануари и на него барем нешто да заработат. Во спротивно, тој би можел да си замине како слободен агент на крајот од сезоната.

Барселона е подготвена да плати 20 милиони евра за поранешниот „крал“, кој секако е одличен играч за врска и би ја зголемил конкуренцијата во средниот ред. Покрај тоа, би можел да настапува напролет и во Лигата на шампионите, со оглед дека оваа сезона Арсенал не учествува во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...