Барса победи во бледа игра пред „Ел Класико“

Барселона ја задржа негативата од три бода (но и натпревар повеќе) во однос на Реал Мадрид во пресрет на „Ел Класико“ наредниот викенд, откако каталонскиот гигант славеше со 3-2 на денешниот дуел со Реал Сосиедад. Барса дојде до планираните три бода, но повторно одигра под своите можности, делуваше конфузно во одбраната и доколку го немаше расположениот Тер Штеген на својот гол тимот на Луис Енрике лесно можеше повторно да остане без планирани бодови.

За среќа, во ситуација кога тимот не играше најдобро расположен беше Лео Меси. Аргентинскиот ас постигна два гола, асистирајќи му на Пако Алкасер при третиот погодок за каталонците, но слабата одбрана придонесе по првото полувреме резултатот да гласи 3-2. Во вториот дел страстите стивнаа, гостите од Сан Себастијан ги имаа најубавите можности за израмнување, но резултатот остана оној истиот од првите 45 минути.

Следен предизвик за Барселона е реваншот од четвртфиналето од ЛШ против Јувентус, на кој каталонскиот гигант ќе брка негатива од три гола, по што ќе следи и големото дерби со Реал Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“.

All Goals & Highlights HD – Barcelona 3-2 Real… by Jek09Pre

Се вчитува...