Европскиот клупски шампион Барселона со убедлива победа над Скандерборг од 39-28 ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
Каталонците уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа предност од 18-13. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 39-28. Дика Мем со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лерке заврши со осум погодоци.
До убедлив триумф стигна и Магдебург против Колштад 37-22, а во најинтересниот натпревар вечерва Нант славеше над Висла Плоцк со 26-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
