Барса потврди: Се враќаме „дома“!

Барселона по подолго време и официјално ќе се врати „дома“ и ќе одигра нов натпревар на „Камп Ноу“ кој изминатите години беше затворен поради реновирање.

Каталонскиот клуб соопшти дека натпреварот против Атлетик Билбао од 13. коло во Ла Лига кој е закажан за 22. ноември со почеток од 16 часот и 15 минути ќе биде одигран на култниот стадион кој сега брои капаците од 45.401 место.

Се вчитува...