Барса против Вилјареал без Андрес Иниеста

Барселона ќе биде ослабена на утрешниот дуел против Вилјареал на „Ел Мадригал“ откако беше обелоденето дека Андрес Иниеста нема да може да им помогне на соиграчите на овој тежок натпревар.

Шпанскиот репрезентативец се мачи со повреда на левата нога веќе подолго време, Валверде му даде шанса да се рехабилитира, но откако не го мина последниот медицински тест Иниеста не се најде на списокот на патници за утрешното гостување. На истиот список го немаше ниту Жерар Деулофеу, кој по солидниот старт на сезоната се поретко добива шанса да ги покаже соите квалитети.

Валверде најголем проблем има со одбраната каде не може да смета на повредените Умтити и Маскерано, па Вермален е главен фаворит да добие шанса како партнер на Жерар Пике во последната линија на каталонскиот гигант.

Се вчитува...