Барса се налути, настрада Џирона

Барселона продолжува да ги „меле“ противниците во Примера дивизион, откако каталонскиот гигант вечерва го декласираше составот на Џирона со преубедливи 6-1. Фактот дека Џирона беше единствениот тим од Примера против кој Меси немаше постигнато гол во кариерата беше само мотив повеќе за домашните фудбалери, да одиграат беспрекорно на офанзивен план и до врв да ја наполнат мрежата на гостинската екипа.

Неочекувано, гостите први дојдоа во водство на „Камп ноу“ откако Порту биеше прецизно по само три минути игра, користејќи ја грешката на Бускетс. Со тоа фудбалерот на Џирона само го налути Меси, кој имаше свое шоу до крајот на полувремето, постигнувајќи два гола и уште толку пати асистирајќи му на Луис Суарез.

Петтиот погодок за Барса беше ремек-дело од дваесетина метри на Филипе Кутињо, а конечните 6-1 ги постави Суарез, кој го комплетираше својот хет-трик на асистенција на Дембеле.

Се вчитува...