Барса се „наостри“ за Гризман

Бразилецот Нејмар речиси сигурно заминува од редовите на каталонскиот гигант Барселона и се сели во Париз, а раководството на клубот полека се фокусира на замената што треба да пристигне на „Камп Ноу“. Опции има повеќе, од Килијан Мбапе од Монако, кој е трансферна цел и на Реал Мадрид, преку Еден Азар и Деле Али од Премиер – лигата, но се чини најинтересна е веста што ја лиферуваше „Марка“, дека Антоан Гризман е следната цел на Барселона.

Клубот ќе добие 220 милиони евра како отштета за Нејмар, ПСЖ е подготвен да ја плати клаузулата, а тоа реално се навистина повеќе од доволно средства за на „Камп Ноу“ да пристигне нова мегаѕвезда. Антоан Гризман беше пред трансфер во Манчестер јунајтед, но одлучи да остане во Атлетико Мадрид, откако клубот доби одлука од ЦАС дека нема да смее да регистрира нови фудбалери во овој летен преоден рок. Но, тогаш Французинот немаше понуда од Барселона…

Се вчитува...