Барселона нема намера да го ангажира Мајк Џејмс откако каталонците во последен момент ги променија плановите за летниот преоден рок и ги откажаа преговорите со извонредниот поентер на Монако.
Искусниот Американец беше виден како „сигурно засилување“ за Барса, но неговиот темперамент и проблемите што ги правеше во последните клубови на крајот се покажаа како клучен фактор – каталонскиот тим да се премисли и вниманието да го насочи кон други врвни бекови на пазарот.
Во овој случај, тоа е Џастин Робинсон, кошаркарот кој во голем стил ја одигра сезоната во дресот на Париз и го привлече вниманието на неколку евролигаши. Макаби и Црвена Звезда покажаа сериозен интерес за овој кошаркар, но последните информации говорат дека по понудата на Барселона, одличниот Американецот ја избрал Каталонија за следна дестинација во кариерата.
Овој трансфер ќе претставува и негова камбек во шпанската кошарка, каде пред неколку сезони со успех ги бранеше боите на Рио Бреоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
