Барса се враќа, никој не го очекуваше овој стрелец на „Ел Класико“ (видео)

Барселона нема намера да се предаде на големото дерби, па каталонскиот гигант со гол во 60. минута ја преполови негативата во однос на Реал Мадрид.

Сосема неочекувано, стрелец е дефанзивецот Мингеза, кој одлично се снајде по центаршутот на Алба и пропуштената топка на Гризман, сместувајќи ја во мрежата на Куртоа.

За Мингеза ова е втор гол во Ла Лига во кариерата, дефинитивно еден од оние кои ќе ги памети цел живот, особено доколку Барселона успее целосно да се врати во мечот.

 

Се вчитува...