Барселона доживеа шокантен пораз во 33. коло од Ла Лига, на домашен терен со 1-2 од Гранада, со што значително си ја отежна битката за титула во шпанскиот шампионат.
Каталонците поведоа на дуелот со голот на Лионел Меси во 23. минута…
Но, се се промени во второто полувреме. Најпрво, Махис израмни на 1-1 во 63. минута, по што и нервозениот Роналд Куман беше отстранет од клупата.
Молина во 79. минута ја донесе големата победа за гостите.
Барселона по овој кикс остана на 71 бод, два помалку од водечкиот Атлетико Мадрид, на делба на втората позиција со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА