Барселона ги чува своите најдобри фудбалери, па така каталонскиот гигант попладнево објави дека ја продолжува соработката со Жорди Алба. Левиот бек беше пред истек на договорот, но со потписот на новиот договор тој ќе остане на „Камп ноу“ до 30 јуни 2024 година. Воедно, за да се заштити од офанзива за негов потпис Барселона стави клаузула за раскин од огромни 500 милиони евра.
Жорди Алба веќе седум сезони настапува во дресот на Барса, одигрувајќи 282 натпревари, притоа постигнувајќи 14 погодоци. Тој веќе има освоено 14 трофеи во дресот на каталонскиот гигант, бројка што дефинитивно ќе се зголеми во наредниот период.
Левиот бек пристигна во Барселона од редовите на Валенсија во јуни 2012 година за сума од 14 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА