Барса со гол предност патува на „Месталја“ во Купот

Барселона обезбеди минимална предност (1-0) во првиот полуфинален меч од Купот на Шпанија против Валенсија. Реваншот се игра за седум дена на „Месталја“, и патникот во финалето дефинитивно ќе се решава во вторите 90 минути.

Луис Суарез го постигна победничкиот погодок за каталонскиот тим на овој натпревар. Во 67.минута, Уругваецот одлично реагираше на центаршутот на Лионел Меси од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на гостите.

Се вчитува...