Роберт Левандоввски ги одработува последните три месеци од договорот со Барселона и се поизвесно е дека полскиот голгетер на крајот од сезонава ќе си замине од „Камп Ноу“.
Во тој правец одат и последните информации кои говорат дека каталонскиот гигант му понудил на голгетер продолжување на соработката, но под далеку полоши финансиски услови од актуелните.
Левандовски би требало да потпише нов едногодишен договор, но за плата што е повеќе од 50% пониска во однос на она што Полјакот моментно го заработува. Згора на тоа, јасно му е дадено до знаење да не очекува преголема минутажа бидејќи летово ќе биде доведен нов голгетер, па неговата улога во тимот ќе биде лимитирана.
Барса поставила и рок до крајот на овој мессец големиот ас да се изјасни, дали планира да ја прифати понудата или ќе си замине. Втората опција делува далеку пореално, ако се знае дека Левандовски и на оваа возраст има понуди за плата во рангот на онаа што ја зема во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
