Барса со став: Кој го сака Меси, нека плати 700 милиони евра

Лионел Меси поднесе барање за трансфер од Барселона, но каталонскиот гигант нема намера да му дозволи на својот најдобар фудбалер да ги промени клупските бои. Аргентинецот бара дури и да се активира клаузулата за раскин на штета на клубот, но каталонците не само што немаат намера да го дозволат тоа, туку и нема да отстапат од намерата да го задржат Меси на „Камп Ноу“. Наводно, оваа клаузула имала важност до крајот на мај, но адвокатите на Меси тврдат дека поради пандемијата на коронавирусот сега има продолжена важност до 31 август.

Ставот на каталонскиот гигант е јасен – Лионел Меси може да си замине само доколку некој ја активира клаузулата, во висина од неверојатни 700 милиони евра. Ризикот е огромен, бидејќи тој следното лето би можел да си замине без никаква отштета, но управата на Барселона е убедена дека во наредниот период ќе успее да го убеди Аргентинецот да го промени својот став и да потпише нов договор.

За март 2021 година се закажани нови претседателски избори, а новиот предводник на Барса ќе има тешка задача да го задржи Меси на „Камп Ноу“. Сепак, Бартомеу не сака да остане запишан во историјата како претседател под чие водство Меси си заминал од Барселона, па подготовен е на ризик, дури и доколку тоа значи „коцкање“ со над 100 милиони евра, колку што Барселона може без никаков проблем да наплати од продажбата на Аргентинецот. Најновите информации велат дека Бартомеу веќе и најавил оставка само за да го сопре заминувањето на Меси од „Камп Ноу“.

Се вчитува...