Барса собира се што е „џабе“ – погледите се насочени кон Манчестер, Лион и Париз

Ситуацијата во Барселона воопшто не е идеална, тимот се наоѓа во најтешките моменти во своето постоење, сеуште се чека на изборите за нов претседател на клубот, покрај тоа во каталонскиот состав владее финансиска криза, а згора на тоа играчкиот кадар е во процес на смена на генерации.

Каталонците мораат да донесат нови играчи на „Камп Ноу“, а за клубот да не трпи нови трошоци, најбезболниот пат до изведување на оваа идеја е потпишување на играчи без обештетување. Ерик Гарсија и Мемфис Депај се желба на Куман уште од пристигнувањето на Холанѓанецот во редовите на Барселона, а договорите на фудбалерите на Манчестер Сити и Олимпик Лион истекнуваат на крајот на сезоната па истите се наоѓаат на врвот на приоритетите за петкратниот освојувач на Лигата на Шампионите.

Покрај нив на листата на желби се наоѓа и фудбалерот на ПСЖ, Хуан Бернат. Договорот на Шпанецот со парижани истекува на крајот на сезоната, а тимот од „Паркот на Принцевите“ сеуште нема постигнато нов договор со левиот бек со оглед на тоа што 27-годишникот сеуште се опоравува од повредата на лигаментите на коленото и нема да биде во составот до крајот на сезоната.

Курзава го превзема неговото место во почетната постава, Французинот одлично си ја работува својата задача па нема да биде чудно доколку Бернат не добие нов договор, а целата ситуација ја искористи Барселона. Шпанецот оддамна е желба на каталонците, а и ќе биде вистинска замена за Џорди Алба кој оваа година полни 32 години.

 

Се вчитува...