Барса тоне во долгови, сега моли за одложено плаќање на данокот кон државата

Претседателските избори во Барселона се презакажани за 7 март, со што уште повеќе се продлабочува огромната финансиска криза на каталонскиот гигант. Недомаќинското работење на Бартомеу дури сега излегува на виделина, откако секојдневно се појавуваат информации за нови долговои на управата на Барса на најразлични страни.

Дека се доцни со платите кон фудбалерите веќе не е никаква вест, исто како и фактот дека се немаат пари за трансфери, дури ни четири милиони евра за да се доведе предвреме Ерик Гарсија од Манчестер Сити. Сепак, проблемот е многу подлабок откако беше објавено дека Барса должи значителна сума пари на име неплатен данок кон државата. Точната висина на сумата не се обелоденува, но каталонците морале да испратат барање за одложена исплата на данокот, за да не им се случи тотален финансиски колапс.

Ова е случај за банкрот, не знаеме што ќе правиме“, изјави неодамна претседателот на техничката управа на клубот, Карлес Тускетс.

Каталалонскиот гигант во август годинава ќе има доспеано 400 милиони евра долг што ќе мора да го врати кон државата и кон неколку банки од кои зема огромни кредити во изминатите години под водство на Бартомеу.Претседателскиот кандидат Виктор Фонт отворено говореше за овие проблеми, уште пред изборите најавувајќи им на клупските делегати да не се надеваат на мегатрансфери додека големата криза не биде надмината.

Лапорта е единствениот од кандидати кој амбициозно најавува мега-проекти, го ветува и останувањето на Меси, но со оглед на моментната ситуација, тоа се чини како предизборно ветување кое многу тешко може да се исполни доколку поранешниот претседател повторно се врати на чело на каталонскиот гигант.

Се вчитува...